Медиумска писменост и дигитален активизам

Истражување на моќта на социјалните медиуми во мобилизирањето и организирањето на социјалните движења.
Анализирање на примери за успешни кампањи за дигитален активизам.
Колаборативно планирање на кампања за дигитален активизам на одредена релевантна (соодветна) тема/прашање.
Онлајн заедници и култура на учество: Дискутирање за улогата на онлајн заедиците во движењето на социјалните промени  (in driving social change)
Истражување на платформите за граѓанско вклучување и колективни акции.

Медиумска писменост и онлајн безбедност

Cyberbullying-сајбер насилство и онлајн малтретирање: Дискутирање за влијанието на последиците.
Промовирање на дигитална емаптија и стратегии за борба против Cyberbullying сајбер насилството –  сајбер малтретирањето.
Креирање/Создавање  на мултимедијален проект за онлајн безднонсти одговорно дигитално граѓанство digital citizenship.
Приватност и безбедност на податоците: Разбирање на ризиците и импликациите од споделувањето на лични информации/податоци онлајн.
Истражување на стратегии за заштите на личните податоци и одржување на дигитална приватност
Креирање на инфографик или постер за најдобрите онлајн практики за приватност

Вовед во дигитално раскажување приказни

Елементи и техники
Storyboarding  и планирање на дигитален медиумски проект.
Креирање на мултимедијална презентација на тема од медиумска писменост
Вметнување на слики, аудио и видео во презентацијата
Презентирање и споделување на мултимедијалниот проект во кубот/секцијата.
Работилница за создавање медиуми: учениците работат во групи за да приоизведат (креираат) кратко видео или подкаст на тема по избор.
Сценарио, снимање и уредување на медиумските проекти.
Прикажување на медиумските креации во рамките на клубот.

Разбирање на медиумската пристрасност

Медиумска пристрасност:

препознавање на различни видови на пристрасност во новинарските известувања news reporting.
Анализирање на насловите на вестите за пристрасност.

Групна активност: Создавање на алтернативни наслови за вести.

Етика во медиумите Етички размислувања во новинарството и медиумската продукција.

Разгледување на Студии на случај за етичките дилеми во медиумите.

​Разгледувавме студии на случај од локалната средина, надевајќи се дека ке ги разбереме етичките дилеми и дискриминација, но неуспешно, треба да повториме со други граѓански организации.

Проект:

„Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост“

По успешно завршениот камп за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“ TechCamp Охрид 2023, тим од наставници од пет основни училишта од Македонија по добиениот грант започнаа со реализирање на проектот „Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост“ кој го имплементира Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон. Носители на овој проект се училиштата: ООУ „Петар Поп Арсов“ – Карпош, Скопје; ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп; ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце; ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје и ООУ „Марко Цепенков“ – Зелениково, Скопје.

Програмата за медиумска писменост во основното образование е дизајнирана да ги надгради вештините на учениците за критичко размислување и анализа на медиумските содржини, со цел да се создадат информирани и одговорни дигитални граѓани. Освен што се фокусира на разбирањето на медиумската пристрасност и техниките на убедување, програмата исто така ги поттикнува учениците да размислуваат критички за етичките аспекти на медиумската продукција и новинарството. Учениците ќе учат како да ги препознаваат и проверуваат фактите, да го разберат влијанието на медиумите врз јавното мислење и политиката, и да се изразуваат креативно преку дигитално раскажување приказни.

Програмата вклучува практични активности како создавање на мултимедијални проекти, видеа и подкасти, кои им овозможуваат на учениците да ги применат своите знаења во реални сценарија. Исто така, се охрабруваат дебати и дискусии за слободата на изразување и правото на пристап до информации, како и за рамнотежата помеѓу слободата на говорот и одговорната употреба на медиумите. Со учество во кампањи за дигитален активизам и истражување на онлајн заедници, учениците стануваат дел од поголемата дигитална заедница и учат како да придонесат кон социјалните промени.

Како крајни исходи, програмата тежи кон создавање на свесни и критички мислители кои ќе бидат способни да ги препознаат и да се справат со предизвиците на дигиталната ера, да ги заштитат своите лични податоци и да учествуваат активно во дигиталното општество. Учениците ќе бидат подготвени да ги препознаат и да се справат со мисинформациите и дезинформациите, да ги разберат и да се борат против сајбер насилството и да градат позитивна слика на телото и разновидност во медиумите. Оваа програма има за цел да ги охрабри учениците да станат активни учесници и креатори на медиумски содржини, а не само пасивни потрошувачи.

Во текот на спроведувањето на активностите ќе биде отворена и веб страна на проектот – www.nasmedium.edu.mk, каде ќе бидат поставени ресурси и добри практики за имплементација на програмата во основните училишта.

Од 16 до 19.08.2023 година на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа Технички камп за медиумска писменост „Спротивставување на дезинформации преку образование“. Техничкиот камп беше организиран од Центарот за иновации и дигитално образование од Диг-Ед, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија и тимот на Технолошкиот камп на Стејт Департментот на САД од ДЦ. На овој Технички камп учествуваат 40 наставници од различни предметни области во основното образование, зајакнување на нивната дигитална и медиумска писменост.

Главната цел на Техничкиот камп беше да се развие медиумската писменост и вештините за сајбер безбедност на наставниците за да се спротивстават на погрешните и дезинформациите во училиштата, да се подобри социјалната кохезија меѓу различните етникуми и да се поддржи развојот на младите. За време на TechCamp наставниците беа обучени да создаваат отворени образовни ресурси за медиумска писменост и едукација за сајбер безбедност на локалниот јазик.

Со почеток на второто полугодие 2023/2024 стартувавме со проектот во проширен тим од наставници и ученици. Дизајнираме активности кои ќе ги збогатат знаењата и разбирањата на учениците за медиумската писменост и ќе ги поттикнат на активно учество и соработка.

Тим од ООУ “Димитар Миладинов” е составен од Марија Насковска и Аида петровска со 11 ученици.