Добредојдовте на страницата за запишување на првачиња во учебната 2026/2027 година во ООУ „Димитар Миладинов“. Тука можете да ги најдете сите потребни информации за процесот на упис, како и насоки што ќе ви помогнат лесно и брзо да ја пополните електронската пријава. Ве охрабруваме внимателно да ги прочитате информациите пред да продолжите, за да обезбедиме едноставна и успешна постапка за вас и вашето дете.

Во прво одделение во учебната 2026/2027 година се запишуваат деца кои до крајот на 2026 година ќе наполнат 6 години.
Запишувањето на ученици во прво одделение е во месец Мај.

Потребни документи


– Потврда за примените задолжителни вакцини на детето, издадена од надлежна здравствена установа.
– Потврда за офталмолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа.
– Потврда за стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа (поликлиника Идадија).
– Фотокопија од извод од матичната книга на родени на детето
– Лична карта на родител/старател на детето на увид

При запишување на дете со попреченост родителот старателот е должен да достави и проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост, за дополнителна образовна поддршка (ул. Васил Горгов бр. 25 во поранешниот објект на Домот за деца без родители 11 Октомври” Скопје, тел: 02-6149923)

Реонизација


Во реонизацијата на ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје спаѓаат следниве булевари и улици. Ги охрабруваме родителите на децата со живеалиште на наведените адреси да ја пополнат електронската пријава, со што ќе го започнат процесот на упис.

Булевари:
  • бул. „Кочо Рацин”
  • бул. „Македонија“
  • бул. „Свети Кирил и Методиј” – парни броеви до 24; бр. 3 влез 6 и 7
Улици:
  • „Јордан Мијалков” – непарни броеви
  • „Герман”
  • „11 Октомври” – непарни 17–23; парни 14–86
  • „Христо Ботев”
  • „Даме Груев” – непарни 1 и 3 (сите влезови)
  • „Филип Втори Македонски”
  • „Ваташа”
  • „Мирче Ацев“
  • „Пролет”
  • „Павел Шатев”
  • „Зелен Пазар”

Кликнете на копчето „Електронско пријавување“ за да поднесете електронско барање за упис на ученик во прво одделение.

Пополнувањето трае неколку минути.

Преглед на училишното подрачје