Екскурзии

Правилник за екскурзии

Со цел проширување на своите знаења за својата татковина, истражување на непосредната околина, запознавање со географски, културни и историски локалитети, за учениците се реализираат ученичките екскурзии како специфичен облик на воспитно-образовна работа.

Стручниот тим за организирање и реализација на екскурзии во соработка со директорот на училиштето изготвува Програма за реализација на екскурзии и други слободни активности за учениците, која се усвојува од Советот на родители, БРО и од Советот на Општина Центар, Скопје.

РеденбројВид активностМестоВремеОдделениеСтатус
1Есенски излетМарков манастирoктомври 2023I – IXРеализирана
2Пролетен излетСарајмај 2024I – IXПланирана
3Еднодневна екскурзијаЛешокмај 2024III
4Настава во природаСтруга / Охрид мај 2024V
5Дводневна екскурзијаИсточна Македонијамај 2024VI
6Тридневна екскурзијаЗападна Македонијамај 2024IX

Програма за есенски излет во Марков манастир со учениците од I до IX одделение

Вид:

излет за учениците од 1-9 одделение

Воспитно – образовни цели:

  • дружење, социјализација, стекнување на искуство за осамостојување и грижа за себе
  • запознавање со релјефните (рид, река, планина) и културно-историски (Марков манастир) одлики на локацијата
  • развивање интерес за природата и градење еколошки навики ∙ развивање интерес за спортски активности и рекреација во природа 

Содржина и опис на активности:

  • играње колективно-забавни игри (карти, шах, човече не лути се …), ∙ посета на објектот Марков манастир и запознавање со културно историското значење
  • едукативен разговор за заштита на природата; собирање на отпадот на соодветни места 
  • организирање на спортски натпревари (скокање на јаже, влечење на јаже, народна, топка и други рекреативни игри). 

Одговорен наставник:

Марија Насковска;

  • одделенски раководители од I до V одделение
  • одд. раководители на паралелките од VI до IXодд
  • сите ученици од прво до деветто одделение кои ќе одат на овој излет.

Времетраење:

од 8:00 до 15:00 (16-20 октомври) 2023 година

Локација за посета и правец на патување:

Марков Манастир, од училиштниот двор до Марков Манастир и обратно.

Техничка организација:

  • обезбедени туристички автобуски – технички исправни, висококвалитетни, климатизирани 
  • изготвен распоред по паралелки за сместување на учениците во автобусите
  • договорено време на поаѓање и враќање
  • обезбедена придружба на агенциски водич,
  • обезбедена придружба на медицинско лице и
  • обезбедена придружба на лице за обезбедување на учениците

Начин на финансирање:

Самофинансирање од страна на родителите.
Раководителот на екскурзијата на агенцијата ќе пријави број на ученици од социјални семејства кои ќе бидат ослободени од партиципација.


Програма за пролетен излет во Сарај со учениците од I до IX одделение

Вид:

излет за учениците од 1-9 одделение

Воспитно – образовни цели:

  • дружење, социјализација, стекнување на искуство за осамостојување и грижа за себе
  • запознавање со карактеристиките на локацијата
  • развивање интерес за природата и градење еколошки навики
  • развивање интерес за спортски активности и рекреација во природа

Содржина и опис на активности:

  • играње колективно-забавни игри (карти, шах, човече не лути се …),
  • организирање на спортски натпревари (скокање на јаже, влечење на јаже, народна, топка и други рекреативни игри).
  • запознавање со значењето на рекреативните центри од овој вид
  • едукативен разговор за заштита на природата; собирање на отпадот на соодветни места,

Одговорен наставник:

Наташа Велковска

  • одделенски раководители од I до V одделение
  • одд. раководители на паралелките од VI до IX одд
  • сите ученици од прво до деветто одделение кои ќе одат на овој излет.

Времетраење:

од 8:00 до 15:00 29 мај 2024 година

Локација за посета и правец на патување:

Сарај; од училиштниот двор до Сарај и обратно.

Техничка организација:

  • обезбедени туристички автобуски – технички исправни, висококвалитетни, климатизирани
  • изготвен распоред по паралелки за сместување на учениците во автобусите
  • договорено време на поаѓање и враќање
  • обезбедена придружба на агенциски водич,
  • обезбедена придружба на медицинско лице и
  • обезбедена придружба на лице за обезбедување на учениците

Начин на финансирање:

Самофинансирање од страна на родителите.
Раководителот на екскурзијата на агенцијата ќе пријави број на ученици од социјални семејства кои ќе бидат ослободени од партиципација.


Програма за еднодневна екскурзија на учениците од III одделение

Вид:

еднодневна екскурзија на учениците од 3 одд.

Воспитно-образовни цели:

да ги проширува знаењата за својата татковина, да го запознава културното наследство на својата и на другите заедници во родниот крај, да развива позитивен однос кон мултикултурализмот и да се воспоставуваат пријателски односи меѓу учениците и надминување на индивидуалните разлики и негување другарски и хумани меѓусебни односи.

Содржина и опис на активности:

  • посета на познатата живописна џамија во градот Тетово (Шарена џамија), разгледување на внатрешните и надворешните сликарски декорации, запознавање со историјатот на џамијата од страна на стручно лице,
  • посета на Лешочкиот манастир во село Лешок, запознавање со историјата на манастирот, набљудување на животната средина околу манастирот и неговата непосредна околина, собирање податоци (фотографирање, разговор, набљудување) и воочување на сличности и разлики на објектите.

Одговорен наставник:

Билјана Иваноска

одделенски раководители од III oдделение и учениците од IIIа, IIIб и IIIв одделение.

Времетраење:

поаѓање рано наутро и враќање во попладневните часови

Време на реализација:

15 мај 2024 година

Локации за посета и правци на патување:

Тетово – Шарената џамија, село Лешок – Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј“, Скопје – Тетово – Скопје.

Техничка организација:

  • обезбедени туристички автобуски – технички исправни, висококвалитетни, климатизирани
  • изготвен распоред по паралелки за сместување на учениците во автобусите
  • договорено време на поаѓање и враќање
  • обезбедена придружба на агенциски водич,
  • обезбедена придружба на медицинско лице и
  • обезбедена придружба на лице за обезбедување на учениците

Начин на финансирање:

Самофинансирање од страна на родителите.
Раководителот на екскурзијата на агенцијата ќе пријави број на ученици од социјални семејства кои ќе бидат ослободени од партиципација.


Програма за настава во природа за учениците од V одделение

Настава во природа со учениците од 5 одд.:

Струга/Охрид

Воспитно – образовни цели:

  • запознавање со природно-географските, биолошко-еколошките, културните обележја на Охрид, Струга и нивната околина
  • развивање љубов, почит кон татковината и одговорен однос кон нејзините природни убавини и културно-историски знаменитости
  • подобро меѓусебно запознавање, продлабочување на другарството
  • развивање на соработка-тандемската и групната работа помеѓу учениците
  • развивање на позитивните навики – самостојност, толеранција, истрајност, организирано користење на слободното време
  • Препознавање кога комуникацијата е на стандарден/литературен јазик, а кога е на дијалект/народен говор. (струшки-охридски дијалект)
  • Правење разлика меѓу литературно и народно творештво според авторството
  • Опишување пејзажи, појави, објекти
  • Раскажување настан од сопствено доживување
  • Идентификување и опишување типови на живеалишта (езеро, планина) и наведување животни и/или растенија карактеристични за нив ∙ Наведување негативни влијанија на човекот врз животната средина ∙ Наведување активности на човекот за заштита на животната средина ∙ Именување видови историски извори (материјални и пишани) ∙ Наведување примери за секој вид историски извор
  • Наведување и опишување познати археолошки наоѓалишта на територијата на нашата држава
  • Претворање поголеми во помали мерни единици(должина)
  • Средување собрани податоци во табела
  • Применување мотив, богатство на линии, ритам и текстура како ликовни елементи во цртањето; Креирање плакат користејќи слика и текст
  • Изведување детски танци по избор, традиционално народно оро по избор, современ танц по избор, со музика
  • Применување елементи и елементарни правила во игра (фудбал. кошарка, одбојка)

Содржина и опис на активности:

Прв ден:
  • Поаѓање во 8.00час;
  • Посета на Село Вруток-извор на реката Вардар; Село Вевчани-Вевчански извори / активности со интегрирани наставни содржини
  • во 17 час. сместување во Струга
  • Вечера; забавни активности
Втор ден:
  • 8.00 – 9.00 час: утринска гимнастика,појадок
  • 9.30 – 12.00 час.: Посета на Музејот на Миладиновци; Природно- научниот музеј; прошетка по кејот на Ц.Дрим
  • активности со интегрирани наставни содржини
  • Ручек; Одмор; попладневни активности со интегрирани наставни содржини ∙ Вечера; забавни активности
Трет ден:
  • 8.00 – 9.00 час: утринска гимнастика,појадок
  • 9.00 – 14.00 час.: Посета на Наколното живеалиште – град на вода и Св. Наум
  • Ручек; Одмор; попладневни активности со интегрирани наставни содржини ∙ Вечера; забавни активности
Четврти ден:
  • 8.00 – 9.00 час: утринска гимнастика,појадок
  • 9.00 – 14.30 час.: Посета на Канео; Плаошник ; Самоилова тврдина; Антички театар ; Спомен куќа – музеј на Робевци; Св. Софија ∙ Ручек; Одмор; попладневни активности со интегрирани наставни содржини ∙ Вечера; забавни активности
Петти ден:
  • 8.00-9.00 час: утринска гимнастика,појадок
  • 9.30 Презентација на ученичките изработки;
  • 13.30 ручек и заминување кон Скопје

Содржини и активности согласно Наставните програми

Природни науки

Живите организми и животната средина

Влијанието на човекот врз животната средина

Активности:

  • Посета на : Вруток, Вевчански извори, Природо-научен музеј во Струга, Св.Наум, прошетка по крајбрежието на Охридско езеро и Црн Дрим
  • набљудение; следење на предавање од туристички водич/кустос; запишување на податоци, запишување на одговори на поставени прашања; дискусија; цртање / скицирање; изработка на плакат за Охридското езеро (како живеалиште); бележење во чек листи ( пластичен отпад и количина); бура на идеи – активности за намалување на пластичниот отпад

Историја и општество

Историски извори

Археолошки наоѓалишта на територијата на нашата држава

Активности:

  • Посета на: Плаошник, Самоилова тврдина , Антички театар , Спомен куќа – музеј на Робевци, Св. Софија, Канео, Св. Наум, Музеј на браќата Миладиновци, наколоно живеалиште- град на вода
  • Набљудение; следење на предавање од туристички водич/кустос; запишување на податоци, запишување на одговори на поставени прашања; дискусија; цртање/ скицирање; изготвување на книга (работа во групи);
  • Следење на презентација од наставник – за археолошки наоѓалишта во Македонија, разговор;
  • Именување и класификација на видови историски извори; изготвување на хронолошка лента

Македонски јазик

Дијалект/народен говор

Народно творештво (народна поезија, народни приказни/легенди) Опишување, прераскажување, раскажување

Информација/факти;интервју

Активности:

  • Препознавање на народен говор (охридски/струшки), класифицирање зборови
  • Читање и интерпретација на легенди за настанувањето на Охрид и Охридското Езеро и песните “Т’га за југ“ и “Бисера“
  • Раскажување настан од сопствено доживување во текот на денот
  • Запишување на информации/факти
  • Креирање едноставни прашања и реализација на интервју (со кустос, со ….)

Математика

Должина

Време

Читање, собирање, организирање, средување и претставување податоци Активности:

  • Решавање задачи со претворање поголеми во помали мерни единици(должина)
  • Подредување должини изразени во различни единици
  • Дискусија за подолгите временски периоди: година, деценија, век, милениум
  • Класификација на настани по временски периоди
  • Прибирање податоци за должината на изминатиот пат од еден до друг локалитет/место;
  • Прибирање податоци за временскиот период на локалитетите;
  • Средување собрани податоци во табела
  • Претставување податоци на дијаграм
  • Интерпретирање податоци претставени со табели и дијаграми Физичко и здравствено образование

Гимнастика

Танци

Спортски игри

Активности

  • Учениците изведуваат комплекс вежби за обликување на телото и движењата во стоење, седење и лежење со реквизити (палка, топка, јаже, обрач).
  • Учениците изведуваат танци по избор
  • Учениците играат со примена на научени елементи и елементарни правила (кошарка,одбојка, фудбал)

Музичко образование

Видови музика

Музички игри

Активности:

  • Слушаме музика – преку аудио и видео снимки наставникот демонстрира различни изведби (вокални, инструментални и вокално-инструментални групи и состави) од различни жанрови (класични, народни, поп, рок, рап, латино, техно);
  • учениците ги идентификуваат слушно и визуелно музичките состави и жанрови
  • Учествување во музички игри
  • Игра Подиум за танцување

Ликовно образование

Основи на ликовниот јазик во дизајнот

Ликовни материјали, техники и елементи во сликањето

Активности:

  • Креирање плакат
  • Сликање на мотив пролетен пејсаж со користење на ликовните елементи боја и простор
  • Сликање на камчиња

Одговорен наставник:

Сандра Здравеска

  • Одделенски раководител: Сандра Здравеска, V а одд.
  • Одделенски раководител: Даниела Гајдова, Vб одд.
  • Наставник по физичко и здравствено образование

Времетраење:

5 дена / 4 ноќевања; 13-17 мај 2024 год.

Следење на реализацијата:

Евидентирање на реализацијата во чек листа за планирани посети и временска динамика

Локации за посета и правци на патување:

Маршута: Скопје-Вруток-Вевчани-Струга –Охрид-Скопје

Техничка организација:

  • обезбедени туристички автобуски, технички исправни, висококвалитетни и климатизирани;
  • обезбедена придружба на агенциски водич;
  • обезбедена придружба на медицинско лице;
  • контакт и договор со одговорни вработени лица во локалитетите планирани за посета

Наставата во природа ќе се изведе доколоку се добие согласност од најмалку 50% од родителите на паралелките во кои се изведува.
За учениците кои нема да одат на настава во природа училиштето организира настава.

Начин на финансирање:

  • Самофинансирање од страна на родителите.
    Раководителот на екскурзијата на агенцијата ќе пријави број на ученици од социјални семејства кои ќе бидат ослободени од партиципација
  • во цената да биде вклучено и посебното осигурување на учениците

Програма за дводневна екскурзија на учениците од VI одделение

Вид на екскурзијата:

дводневна екскурзија за учениците од 6 одд.

Воспитно образовни цели:

  • Проширување на знаењата за источниот дел на нашата татковина;
  • Запознавање со природните богатства, изобилството на растителен и животински свет;
  • Запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето од овој крај;
  • Развивање на свест за заштита и чување на природата;
  • Запознавање со културни, верски објекти и развивање почит кон културното наследство во нашата земја;
  • Социјализација, стекнување на искуство за осамостојување и грижа за себе;

Содржини и опис на активности:

Прв ден:
  • Прошетка низ центарот на Штип
  • Посета на тврдината Исар
  • Посета на археолошкиот локалитет Баргала
  • Прошетка низ центарот на Берово и посета на православниот храм „Богородица“
  • во вечерните часови забавни активности за учениците ( игри, караоке, пантомима и сл.)
  • набљуденија
  • следење на предавања на туристички водич
  • дискусија за културно-историското значење на посетените локалитети – фотографирање-документирање, водење белешки за интересни моменти,белешки за интересни факти и податоци – за изготвување на училишно пано
Втор ден:
  • Прошетка околу Беровското Езеро,
  • Посета на Виничко Кале
  • Посета на Музеј куќа на Кочо Рацин
  • набљуденија
  • следење на предавања на туристички водич
  • дискусија за културно-историското значење на посетените локалитети – дискусија за значењето на биодиверзитетот/ендемска флора и фауна – собирање на материјал за хербариум
  • фотографирање-документирање, водење белешки за интересни моменти,белешки за интересни факти и податоци – за изготвување на училишно пано

Одговорен наставник:

Наташа Велковска

Одделенски раководители на паралелките:

  • VIа – Соња Дракуловска Богдановска
  • VIб – Наташа Велковска
  • VI в- Ивица Трајковски

Времетраење:

2 дена / 1 ноќевање ( 22 и 23 мај)

Следење на реализацијата:

Евидентирање на реализацијата во чек листа за планирани посети и временска динамика

Локации за посета и правци на патување:

Исарот и археолошки локалитет Баргала во Штип, манастир Богородица – Берово, Виничко Кале, Музеј куќа на Кочо Рацин

Правец на патување: Скопје-Штип-Виница-Берово – Велес -Скопје.

Техничка организација:

  • обезбедени туристички автобуски, технички исправни, висококвалитетни и климатизирани;
  • обезбедена придружба на агенциски водич;
  • обезбедена придружба на медицинско лице;
  • контакт и договор со одговорни вработени лица во локалитетите планирани за посета

Начин на финансирање:

Самофинансирање од страна на родителите.
Раководителот на екскурзијата на агенцијата ќе пријави број на ученици од социјални семејства кои ќе бидат ослободени од партиципација.


Програма за тридневна екскурзија на учениците од IX одделение

Вид на екскурзија:

тридневна екскурзија за учениците од 9 одд.

Воспитно – образовни цели:

  • Учениците да се запознаат со природно-географските, културно историските биолошко-еколошките и антрополошките обележја на посетените места/ локалитети ( Охрид и Струга);
  • Развивање способност за набљудување и воочување на предметите и појавите во животната средина, за согледување и сфаќање на меѓусебни врски и односи на одделни чинители во природата и во општествената средина
  • Развивање љубов и почит кон татковината, нејзините убавини и историското минато;
  • Развивање на другарството, збогатување на меѓусебната интеракција;
  • Да се негуваат и развиваат позитивните навики како што се самостојноста, толеранцијата, истрајноста, организираност во користење на слободното време;
  • Развивање на свесноста за значењето на познавањето и чувањето на природното и духовното наследство

Содржини и опис на активности:

прв ден:

  • Посета на село Вруток и изворот на реката Вардар
  • посета на Музеј на браќата Миладиновци, Природно-научен музеј и истекот на реката Црн Дрим
  • посета на Вевчански извори во село Вевчани
  • разгледување на центарот на Охрид
  • во вечерните часови забавни активности за учениците ( игри, караоке, пантомима и сл.)
  • набљуденија
  • следење на предавања на туристички водич
  • следење на предавања на кустос
  • дискусија за културно-историското значење на посетените локалитети – дискусија за значењето на биодиверзитетот
  • фотографирање-документирање,забележување на интересни моменти изготвување на Книга на спомени
втор ден:

  • посета на наколното живеалиште – град на вода
  • посета на Свети Наум
  • посета на Спомен куќа – музеј на Робевци и црквата Света Софија во Охрид
  • во вечерните часови забавни активности за учениците ( игри, караоке, пантомима и сл.)
  • набљуденија
  • следење на предавања на туристички водич
  • следење на предавања на кустос
  • дискусија за културно-историското значење на посетените локалитети – дискусија за значењето на биодиверзитетот
  • фотографирање – документирање, водење белешки за интересни моменти,белешки за интересни факти и податоци за изготвување на Книга на спомени
трет ден:
  • посета на Канео, Плаошник, Самоилова тврдина, Антички театар ∙ посета на центарот на градот
  • набљуденија
  • следење на предавања на туристички водич
  • следење на предавања на кустос
  • дискусија за културно-историското значење на посетените локалитети – фотографирање-документирање, водење белешки за интересни моменти,белешки за интересни факти и податоци за изготвување на Книга на спомени

Одговорен наставник:

Марија Насковска
раководители на паралелки: IXа – Весна Кочовска, IXб – Александра Пекевска, IX в – Марија Насковска

Времетраење:

3 дена / 2 ноќевања ( 21-23 мај)

Следење на реализацијата:

Евидентирање на реализацијата во чек листа за планирани посети и временска динамика

Локации за посета и правци на патување:

Извор на реката Вардар, Струга – Музеј на браќата Миладиновци, Природо научен музеј, истекување на реката Црни Дрим, село Вевчани – Вевчански извори, Музеј на вода, Манастирот Свети Наум; Спомен куќа – музеј на Робевци, Света Софија, Канео, Плаошник, Самоилова тврдина, антички театар, посета на градот Охрид

Маршута:

Скопје – Вруток – Кичево – Струга – Вевчани – Охрид – Скопје

Техничка организација:

  • обезбедени туристички автобуски, технички исправни, висококвалитетни и климатизирани;
  • обезбедена придружба на агенциски водич;
  • обезбедена придружба на медицинско лице;
  • контакт и договор со одговорни вработени лица во локалитетите планирани за посета

Начин на финансирање:

Самофинансирање од страна на родителите.
Раководителот на екскурзијата на агенцијата ќе пријави број на ученици од социјални семејства кои ќе бидат ослободени од партиципација.


*податоци за 2023/24 учебна година.