Да ги заштитиме децата во сообраќајот

#ДаГиЗаштитимеДецатаВоСообраќајот!

На 01.09.2022 год. на првиот училишен ден во основното училиште ,,Димитар Миладинов” , општина Центар, Скопје, РСБСП и Министерството за внатрешни работи реализираа превентивни активности под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, кои ќе се реализираат во текот на целата учебна година. На учениците им беше поделен едукативно – информативен материјал и им беа презентирани основните правила и прописи во сообраќајот кои треба да ги знаат и да ги почитуваат како учесници во сообраќајот. Благодарност до РСБСП за практичната вежба со првачињата.