Емпатија, почит и хуманост за подобар свет

📣Нашето училиште „Димитар Миладинов“ прославува 68 години постоење и работење, афирмирајќи ги современите вредности на воспитно-образовната дејност.

📖Со мислата на нашиот Патрон „Јас го посеав семето, а Вие бидете живи да го ожнеете неговиот плод“ со гордост одбележуваме 68 јубилејни години кои се зад нас, години на успешно функционирање, реализирање на многубројни проекти од кои најмногу се истакнува проектот на изучување француски јазик од најмала возраст во соработка со Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje. Исто така континуирано освојуваме највисоки награди и признанија во општината, градот, државата и на меѓународно ниво.

📝Нашето мото „Емпатија, почит и хуманост за подобар свет“ е мисија и визија за сите нас и порака до сите Вас. Честит и вековит Патрониот ден на училиштето!