Општина Центар – Скопје

📣На ден 23.11.2022 год. учениците од ООУ”Димитар Миадинов”-Скопје, од IV a и IV б одделение заедно со нивните одделенски наставници: Сандра Здравеска, Надица Мицкоска, Даниела Гајдова и Славица Димитриевска беа во посета на Општина Центар – Скопје. Во рамки на предметот историја и општество и наставните содржини кои ги изучија за Општина и Градоначалник, учениците имаа можност лично да се запознаат со Градоначалникот Горан Герасимовски, кој ги пречека учениците и им ја објасни неговата улога и ангажираност во општината. Додека пак вработените од одделните сектори одговараа на сите прашања поврзани со поставеноста, начинот на функционирање и ингеренциите на општината.