Светскиот ден на мајчиниот јазик

📕Литературно-креативна активност „Мојот јазик – мост меѓу мене и тебе“ за 21 февруари, Светскиот ден на мајчиниот јазик.

📓Во нашето основно училиште „Димитар Миладинов“ на 21 февруари 2023 година се реализирааа литературно-креативни активности „Мојот јазик – мост меѓу мене и тебе“ за одбележување на 21 февруари, светскиот ден на мајчиниот јазик.

🧑‍⚖️🤵‍♀️Учениците од Vб одд., VI а,б,в одд. и IX а,б,в одд. организираа натпревари во изразно читање, во убаво пишување – краснопис и во изработка на креативен постер во чест на овој голем меѓународен ден на мајчиниот јазик.Беше задоволство да се гледа и слуша презентирањето на личните творби на учениците, литерати; изразното читање на цитати за македонскиот јазик од Крсте Петков Мисирков; натпреварот во убаво пишување – краснопис на цитати од големиот великан Блаже Конески и изработката на креативен постер со цитати за мајчиниот јазик. Сите ученици беа пофалени и наградени со дипломи.Голема благодарност до учесниците и организаторите на овој убав настан.