Државно првенство во пливање

На 14.09.2023 год.се одржа Државно првенство во пливање за основни и средни училишта. Место на одржување: Воен базен – Аеродром.

Организатор: Федерација на училишен спорт на Македонија во соработка со општина Аеродром.

Нашето училиште ООУ ,,Димитар Миладинов”- Скопје, зема учество со 5 ученици:

  • Јасна Дамчевска V б одд.,
  • Теодора Колческа VI б одд.,
  • Андреј Младеновски VI б одд.,
  • Василиј Герасимовски IX а одд.,
  • Давид Миленковски IX а одд.,
  • Сергеј Малјановски Арнаудовски IX б одд.

Сите ученици постигнаа одличен индивидуален успех.

  • Василиј Герасимовски освои 1 место во дисциплината слободен стил и 2 место во дисциплината градно.
  • Теодора Колческа освои 2 место во дисциплината слободен стил.

Честитки за сите учесници!