Денес е 1ви Септември, првиот училишен ден. Во училишниот двор на ООУ “Димитар Миладинов”-Центар, повторно се слушнаа детските гласови. Некои радосни, некои исплашени, но сите заедно возбудени. Со нетрпение ги дочекавме нашите првачиња. На сите нив им посакавме успешен почеток на новата учебна 2023/2024година. Им упативме желба за лесна и успешна работа.
На овој прв училишен ден, нашите најмлади го прават најважниот чекор во нивните животи. Овој ден, го очекуваа со голема возбуда и треперење во своите срца.
Со нетрпение го очекуваа првото училишно ѕвонче кое ќе го означи почетокот на новата учебна година.
Општина Центар – Скопје максимално се вложуваше во подготовките за успешен почеток на учебната година, за поквалитетни и подобри услови за работа.
Посакуваме овој ден да биде исполнет со радост, смеа и позитивна енергија.
Среќна и успешна учебна година
![](https://ooudimitarmiladinov.edu.mk/wp-content/uploads/2024/04/374177977_276543661806990_9166850283811385103_n-300x169.jpg)
![](https://ooudimitarmiladinov.edu.mk/wp-content/uploads/2024/04/374562648_276543688473654_5047391780433446663_n-300x226.jpg)
![](https://ooudimitarmiladinov.edu.mk/wp-content/uploads/2024/04/374636474_276543711806985_5840973813597992828_n-225x300.jpg)